Убавина

ТОП 3 намирници за млад изглед на Вашата кожа

Храната која ја ревитализира кожата истовремено ги спречува брчките!!!

Прехранбените навики на големо влијаат врз изгледот на Вашата кожа. Експертите се едногласни во ставот дека кремите и препаратите кои се користат за да се достигне посакуваната цел здрава и убава кожа се чиста маркентишка лага која има свое објаснување а тоа е профитот. Но едногласноста не завршува тука… Имено сите оние поборници за здрав живот се гласни во своите ставови дека храната која ја консумираме е најдобриот начин да го псотигнеме она што го сакаме од нашата кожа.

Затоа пробајте да ги избегнувате кремите и козметичките препарати и префрлете се кон здрава храна и ефектот ќе биде 100 проценти подобар.

Пред Вас се ТОП 3 прехранбени продукти кои со сигурност ќе Ви помогнат да се откажете од козметиката.

Убавина од морето

Благодатите на морето се најголемиот сојузник на здравата кожа. Цинкот во школките и масните омега 3 киселини во рибата на неверојатен начин ја ревитализираат кожата со тоа што го регулираат природното оптимално количество на Кологен. Затоа „навалете“ на убавината од морето.

Витаминоза

Витаминот Ц е изразито битен за кожата и затоа во прехраната дефинитивно треба да ги внесете плодовите кои содржат големо количество на природен Ц витамин. Портокалот, лимонот и сите агруми содржат огромно количество витамин Ц кој во организмот делува како антиоксидант кој  ги неутрализира слободните радикали и на тој начин се спречува создавањето на брчките, а со самото тоа и стареењето на кожата.

Јаткасти овошја

Нежната и млада кожа е предизвик за секоја жена, а тој предизвик станува реалност само доколку имате навика да консумирате јаткасти овошја. Тие се богати со витамин Е со што кожата е спремна да се спротивстави на сите надворешни зрачења и временски влијанија.

Write A Comment