Дестинации

Tree House Lodge – совршена „зделка“ на природата и модерното

„Нејзиното Височество“- Зимата можеби и ќе потрае…За сите сонувачи на спротивното, Во прилог нудиме место кое барем за миг ќе Ве стопли…

Искусете го местото кое се наоѓа во срцето на дивиот свет. Tree House Lodge е „дрвениот дом“ кој е всушност одржлив еко дом. Се наоѓа на јужниот дел на Карибите, Костарика. Поточно, комплексот е лоциран на познатата Punta Uva Beach. Истиот содржи 4 куќи изградени во согласност со хармонијата на природата и рекултивираната шума. Во склоп на комплексот се наоѓа и Iguanaverde Foundation. Дел од приходот на овој комплекс е наменет за заштита на загрозениот вид зелена игуана, карактеристичен за овие предели.

The Tree House  е само дел од комплексот, наменет за 6 гости. Опремен е со кујна и спална со брачни кревети и посебен дел- тоалет. Самата куќа е изградена околу дрвото Sangrillo tree.

The Beach House е исто така посебен дел, наменет за 4 гости, комплетно опремен…но, овде поразлична е глетката која ви ја овозможува прекрасната веранда, односно ботаничката градина, која ќе ви го одземе здивот.

The Beach Suite е парче од 3 соби, коеВи овозможува директна поврзаност со плажата.  Овде одлучувачки збор имаат брилијантноста и креативноста.

Bambu House е најновата единка од овој комплекс чија внатрешност е комплетно опремена од бамбусово дрво. Погодна е за интимност и комфорт.

Погледнете ги следниве фотографии кои ќе Ве импресионираат…

Размислувајте поинаку…

Напиши коментар