Убавина

Три корисни совети за борба против целулитот

Целулитот е еден од најголемите непријатели за убавината на жената. Борбата со целулитот може да се одвива на различни начини и со многу препарати. Но, најлесно и најбрзо се малите третмани кои можете да ги правите секојдневно, а кои се најефикасни. Ви нудиме три кратки совети за борбата против целулитот.

Масирање на кожата – со секојдневното туширање немојте да заборавите да се измасирате по нозете и останатите делови каде имате целулит. На тој начин ќе ја поттикнете циркулацијата. Доколку сакате можете да се масирате и со некој лосион за антицелулит.

Пилинг на кожата – повремено направете пилинг и освежете ја кожата особено на оние делови , каде имате целулит.

Со кофеин против целулит – една од најдборите сосотјки за отстранување на целулитот е кафето. Масирањето со кафе помешано со бадемово масло ќе помогне да се намали целулитот, а вашата кожа ќе биде мека и нежна.

Write A Comment