← НАЗАД НА БОЗА

Три причини зошто да го погледнете филмот„Mirror, Mirror“

Три причини зошто да го погледнете филмот„Mirror, Mirror“
1245 Читања

Филмот „Mirror, Mirror“ е најновата адаптација на бајката за деца „Снежана“ во режија на Tarsem Singh. Улогата на злобната кралица во филмот ја игра Julia Roberts, а Lily Collins ќе ја има честа да биде Снежана. Принцот ќе го игра Armie Hammer. Филмот е доста интересен и ви набројуваме три причини зошто вреди да го погледнете:

1. Да ја погледнете актерката Julia Roberts во едно вакво издание е навистина несекојдневно доживување. Манипулативна, расипана и сурова таа ја измачува Снежана заклучувајќи ја во нејзината соба и изгладнувајќи ја до смрт. Ќе бидете маѓепсани, дефинитивно.

2. Костимите се едноставно величествени. Ќе напоменеме само дека ќе бидете воодушевени од костимите на седумте џуџиња, како и од тие на Снежана и Лошата кралица. За костимографијата бил задолжен Eiko Ishioka, кој за жал починал минатиов јануари.

3. Филмот е забавен и изобилува со комични елементи. Се гледа дека сите актери се забавувале за време на снимањето, а ова е единствена можност да ја погледнете познатата бајка од една поинаква перспектива.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk