After Midnight

Вашиот „ екс “ Ве сака назад ??? Дилема или реалност…

После раскинувањето, момчињата знаат да го променат нивното мислење. Ако сакате да бидете на јасно, дали Вашето поранешно момче би сакало да Ве „ врати “ во неговиот живот, Ви наведуваме 6 јасни сигнали, со кои дефинитивно, ќе го знаете одговорот.

1. Често ги лајкнува и коментира Вашите статуси на Фејсбук

Понекогаш двете личности се плашат да разговараат за чувства, но на овој начин се праќа суптилна порака. Ако забележите дека на Вашето поранешно момче „ многу му се допаѓаат Вашите статуси и фотографии “, тоа сигнализира дека сака да ја обнови комуникацијата со Вас.

2. Разговара со Вашето семејство и пријателите

Пријателите и семејството Ви кажуваат дека Вашето поранешно момче ги застанало и разговарал со нив. Фактот што пробува да изгради добар однос со Вашето семејство и пријателите, кажува дека сака да стапи во добар однос и со Вас.

3. Зборува лошо за сегашната девојка

Ако сте останале пријатели и одеднаш почнува да се жали на сегашната девојка, тоа е знак дека Вас Ве цени повеќе.

4. Упатува љубоморен поглед

Ако сте во друштво на нова личност, а Вашето поранешно момче Ви упатува љубоморен поглед, најверојатно жали поради прекинот.

5. Сака да Ви покаже дека моментално е среќен

Ова е еден од најочигледните сигнали. Ако се труди да Ви покаже колку е само стеќен, најверојатно сеуште го нема преболено раскинувањето. Мажите често ја користат оваа стратегија, за да ги маскираат нивните вистински чувства.

Напиши коментар