Експертите за убавина советуваат да експериментирате со сенките за очи, да си поиграте со боите, а оваа пролет да ставите акцент на залената боја.
Нашминкајте се во склад со најубавото годишно време, во тренд се весели и ведри нијанси, но и нежни и романтични, па прилагодете ја шминката во согласност со приликата.
Изберете ја зелената боја која ја симболизира пролетта и која одлично им прилега на жените кои имаат боја на очи како лешник или како чоколадо. Ако сакате да имате заводнични поглед, одберете златна сенка.
За жените со сини очи одлично прилега сината сенка, но може да се комбинира со розева или златна нијанса, комбинација особено ефектна за вечерните излегувања.
За дневните варијатни изберете нежна шминка која може да ја нагласите со сенки во ведри бои, кои може да ги изберете во зависност од бојата на облеката. Не се плашете да експериментирате, бидејќи само така ќе откриете кои бои и кој начин на шминкање најдобро ви одговара.
