Погледнете го најновиот тренд на шминка, кој е доста впечатлив и дава доза на заводливост и сексипил. Со пролетта ни дојде и широк спектар на бои, па почнете да експериментирате со секоја од нив. Дозволено е експериментирање и во шминката. Ние ви даваме неколку предлози како би можело тоа да изгледа, а вие пробајте да направите нешто ново.
Шарената линија на очите е новиот моден тренд, ја видовме многу пати, на многу модните писти на најновите модни ревии одржани на големите модни недели во Париз и Милано. Доколку не сакате да бидете впечатливи со многу бои, тогаш ставете ја линијата на очи во црна боја. Како и да е истакнете ги очите со тенка линија на очите.



