Celebrity

Внимание! Доаѓа „Карате Кид 2“ :)

Студиото „Columbia Pictures“ официјално потврди дека во тек се подготовките за продолжението на филмот „Карате Кид“.

Сепак, детаљите за почетокот на снимањето и прикажувањето во кино сеуште не се познати, но сигурно е дека во „Карате Кид 2“ ќе играат Вил Смит, неговиот син Џејдан и ветеранот од акционите комедии Џеки Чен.

Тие двајца играа и во првиот римејк направен врз успешната триологија од 80-тите години на минатиот век.

Во 2010 година, првиот дел имаше солиден успех во кината, па продуцените со право се надеваат дека вториот дел ќе привлече повеќе публика. Сценарист на продолжението ќе биде Зек Пен, нам познат по филмот „Неверојатниот Халк“.

Напиши коментар