Оваа сезона пролет-лето боите го добија приритетот и се главно обележје за облеката, шминката и лакот за нокти. Бидете смели и одбирајте јаки и весели бои. Доволно беше од згасити бои кои не опколуваа месеци наназад.
Овој пат ви даваме еден предлог како може да ги ишарате вашите ноктиња. Се разбира и вие може да го сторите истото, а за тоа ќе ви бидат потребни селотејп и лак за нокти во три бои. Одберете ги вашите омилени бои и започнете.










