After Midnight

Време ли е ти да кажеш „крај!“?

Зошто ние жените понекогаш сме толку остроумни, а понекогаш избираме да стоиме со затворени очи пред фактите? Љубовта е силно чувство да, но се плашам дека стравот од самотијата и инерцијата понекогаш се многу посилни од неа, дури и од нас самите. На кого му е потребно да биде со маж кој почесто предизвикува солзи и тажни осамени размислувања отколку насмевки и незаборавни убави моменти?

Не очекувај да ти дадам список за тоа кога е вистинското време да кажеш стоп. За едни незадоволството од врската произлегува од постојаното изневерување, за други од недовербата, за трети од недостаток на страст, за четврти од слабоста на карактерот и.т.н. Примерите се безброј многу. Едноставно застани и размисли. Си го сакаш ли животот што сега го имаш со човекот до тебе? Ти го дава ли она од што имаш потреба? Оди ли љубовта паралелно со среќата?  Не е инфантилно да го сакаш најдоброто за себе и затоа треба да направиш решителен чекор. Лесно е да се самосожалуваш, но многу потешко е да стигнеш до моментот во кој ќе кажеш „Јас сум среќна со него. Тој е се од што имам потреба!“ Победи го стравот, најстрашно е да се предадеш и цел живот да живееш со згазено достоинство, да си ги потиснеш своите соништа, да се осудиш на живот без емоции? Колку и да ти изгледа страшно, застани пред него и кажи му „крај“, зошто колку и да е страшно ова, неможе да биде пострашно од еден тажен и лажен живот. Штом само еднаш успееш да се ставиш себе си на прв план, следниот пат ќе знаеш што да избереш.

Има едно чуство на внатрешна исполнетост и среќа кое неизбежно настапува кога сме среќни со човекот до нас. Не го почуствуваш ли кога наутро ќе се разбудиш до него, значи е време за промена,а патот до тоа чуство сама ќе го најдеш.

Напиши коментар