Celebrity

Втор дел на фамозниот филм „300“!

Rodrigo Santoro, кој во филмот „300“ ја играше улогата на персискиот крал Kserks, изјавил дека снимањето на продолжението со наслов „300: Battle of Artemisia“ започнува во јули.

Бразилскиот актер кажал дека продуцентите веќе работат на финалната верзија на сценариото за филмот.

–          Ова не е продолжение на филмот „300“. Дејството не се случува по битката во филмот „300“, ниту пак, пред таа битка. Сѐ се случува истовремено. Дејството започнува малку порано, но е прикажано од поинаква перспектива. Ќе видите колку овие две, паралелни битки влијаеле една на друга, – изјавил Santoro.

Овој филм ќе се фокусира на персискиот крал Kserks и неговиот поход кон Грција. Главните улоги во филмот ќе ги глумат Eva Green и Sullivan Stapleton.

Напиши коментар