Celebrity

Will Smith се надева на „Bad Boys 3“ :)

Will Smith и Martin Lawrence на драго срце би работеле заедно доколку би пронашле сценарио што им одговара за третото продолжение на филмот „Лоши момци“.

Иако моментално е зафатен со промовирање на својот најнов филм „Луѓе во црно 3“, се чини дека на Smith не би му пречела уште една триологија и повторно се работи за жанр акциона комедија.

–          Разговарав со Martin за тоа пред неколку недели.  И тој е многу заинтересиран за овој проект. Веќе имаме неколку сценарија, но сакаме навистина интересна и атрактивна приказна, – изјавил актерот за медиумите.

Smith и Lawrence за прв пат снимаа за детективите од Мајами во 1995 година, а второто продолжение беше во 2003 година. И двата филма беа во режија на Michael Bay.

Напиши коментар