Убавина

Заштитете се од сонцето преку храната и пијалоците!

Дали сте знаеле дека црното кафе и црвеното вино може да ве заштитат од лошите ефекти на сонцето.

Експертите велат дека доколку партнерот ве намачка со црно кафе по телото тоа сигурно ќе ве заштити од сонцето.

Научниците веруваат дека кафето штити од одередени типови рак на кожа, ако се примени директно на кожата. Кофеионот може да го спречи влегувањето на протеинскиот ензим АТР во кожата.

Но тоа не значи дека со црното кафе мора да го замените млекото за сончање со висок заштитен фактор.

За поубава и поздрава кожа

Следен пат кога ќе се најдете на плажа, наместо хамбургер и пиво, обидете се со риба и црвено вино.

Научниците од Универзитетот во Тел Авив веруваат дека храната богата со омега 3 масни киселини и антиоксиданси го ублажуваат ризикот за појавување на некоја кожна болест.

Храната, пијалокот, кремата за сончање и шешир на главата се идеална комбинација за ваша заштита.

Храна за поубав тен

Може ли консумирањето на овошје и зеленчук да и даде на кожата златен сјај? Експертите велат дека може.

Ако консумирате 5 оброка овошје или зеленчук на ден вашата кожа за месец дена ќе има неверојатен сјај.

Write A Comment