Дојде времето да поработиме поинтензивно на нашиот изглед 🙂
Врат
Што ви вреди затегнато лице ако вратот не ви е затегнат? Не заборавајте на вратот кога нанесувате маски и креми за лице.
Лице
Грижете се за своето лице уште пред да се појават првите брчки. Доколку не сакате да давате пари за скапи креми имате многу наши предлози кои може да ги најдете во рубриката убавина.

Гради
Додека се туширате масирајте ги градите со кружни движења користејќи благ пилинг за тело. Ако бидете упорни кожата од ден на ден ќе ви станува се посјајна и позатегната. Пробајте го ефектот топло-ладно. Особено во пределот на градите поминувајте со ладна па со топла вода. Тоа ќе ја забрза циркулацијата, а со тоа и еластичноста на кожата ќе се подобри. Вежбајте секој ден. Не ви треба многу време за овие вежби. Само застанете со раширени раце и спојте ги дланките. Притискајте ги, со цел да ги оддалечите. Притискајте колку што е можно повеќе, ќе почувствувате затегнување во пределот на градите.
Стомак
Во зависност од опуштеноста на стомакот, пробајте да внимавате на исхраната и што е најважно вежбајте. Ставајте креми во пределот на стомакот и вежбајте стомачни вежби барем во пет серии секој ден.

Задник
Најдобрите ефекти ќе ги постигнете со вежбање. Но, ако не може да чекате за да ги имате ефектите тогаш електротерапијата е идеална за вас. Ефектите ќе ги имате од првиот до петиот третман, во зависност од тоа колку сте биле опуштени.
Нозе
Вежбите за нозе се на место број еден. Пешачете секогаш кога имате можност за тоа. Одберете возење велосипед, ролерки, трчање… во зависност од вашата желба. Масирајте ги нозете со антицелулитни креми секогаш пред да излезете на било каква физичка активност. Доколку имате повеќе целулит добро би било паралелно да користите и антицелулитни креми и ампули за ноќна употреба.
