Убавина

Жените сé подебели, конфекциските броеви сé помали…

Британски студии покажуваат дека ширината на половината на конфекцискиот број 38, од далечната 1975 година се има зголемено, од тогашни 60, на денешни 70 сантиметри.

Всушност, женските фармерки се за 10 сантиметри поголеми, за разлика од пред 40 години, а виновни за тоа се колковите, кои се прошириле за 7,5 сантиметри.

Според истражувањето, жените кои денес носат конфекциски број 38, тогаш би носеле конфекциски број 42. Дизајнерите со текот на времето ги намалувале големините, за да ги прикријат фактите, дека жените стануваат сé поголеми, тврдат модните стручњаци.

Трговците и модните дизајнери знаат дека полн погодок е доколку на една жена нешто ѝ се допаѓа, а уште поголем погодок се помалите големини на конфекциски броеви, кои веќе инаку ги носи. Сепак тоа има и лоши страни. Жените веќе не знаат која големина ја носат, бидејќи истата варира од еден во труг бренд, така што големина 10, може да биде големина 12 кај друг бренд.

Од друга страна, мажите не се погодени со овие промени бидејќи нивните големини се изразуваат во сантиметри.

Write A Comment