Убавина

Женски фризури на кои мажите паѓаат

Иако ние жените мислиме дека мажите не ги приметуваат нашата фризура, шминка или облека сепак се лажеме. Тие приметуваат се, но ретко кој од нива на глас го кажува тоа. Ова се неколку фризури кои мажите ги забележуваат и паѓаат на нив:

Раскошна коса со големи локни

Раскошна, природна и валовита коса е онаа која најмногу ја сакаат мажите. Затоа не ја оптеретувајте косата со третмани за исправување, мажите го сакаат природниот изглед.

Класична рамна коса

Рамната, сјајна коса е прв знак за здрава коса. Мажите го сакаат природниот изглед. Затоа внимавајте на изгледот на косата, многу подобро изгледа здрава и сјајна коса отколку третирана, исправувана коса без живот.

Утрински изглед

Мажите едноставно ја обожаваат косата кога ќе станете од спиење. Додека ви се заморувате со поправки на косата, исправување, виткање… тие верувајте најмногу го сакаат природниот изглед.

Коњско опавче

Класичната верзија на коњско опавче е исто така фризура на која тие паѓаат. На вас кога косата ви е собрана горе високо, ви се истегнува кожата во пределот на челото и очите, што добивате многу секси поглед. Пробајте го ова и ќе видите дека мажите ќе ве забележат.

Write A Comment