After Midnight

Жешка женска дилема… Зошто ги избираме „лошите“ наместо „добрите“ момци???

Можеби звучи како генерализирање, меѓутоа поголемиот број на „фраери“ се делат на добри и лоши. Идеален маж е оној маж кој е помеѓу добриот и лошиот животен стил… но тој вид е раритет!!!

Многу жени се „залетуваат“ кој лошите момци… Сте се запрашале ли некогаш зошто е тоа така???

Не делуваат вистински !!!

Добрите момци понекогаш се „предобри“. Толку многу се замараат со фактот дека треба да бидат совршени партнери што забораваат каков свет ги опкружува. Жените инстиктивно не веруваат на таквите момци. Според жените, лошите момци делуваат вистински и не се плашат да ги откријат своите маани, за разлика од добрите кои ги премолчуваат само да не создадат лоша ситуација.

Немаат самопочит!!!

Добрите момци скоро никогаш не знаат да постават граници, а уште повеќе се повлекуваат кога треба да го побараат оној дел од врската која ним им припаѓа. Лошиот дечко не допушта да биде надвладеан од жената… Едноставно е жените не ги почитуваат мажите врз кои имаат тотална контрола. Нема почит –  нема привлечност !!!

Предвидливост

Повеќето луѓе имаат досаден и предвидлив живот, па оттука природно е да ги привлекуват луѓе кои во нивниот живот внесуваат возбудувања. Лошите момци се секогаш вистински предизвик. Добрите се многу послаби во тој процес, предвидливоста и недостатокот на предизвик не звучи примамливо.

Така сака Мајката Природа

Жените се предодредени да имаат деца кои ќе ги воспитуваат, но често се наоѓаат во ситуација да ги воспитуваат и своите мажи. Сакаат и мислат дека можат да го променат „лошиот“ маж во подобра личност!!!

Страв од досаден секс

Предвидливоста е проблем, а тоа е поизразено кога се работи за сексот. Понекогаш сакаме да се препуштиме на див и страствен секс кој според женските убедувања може да го пружи само „лошото“ момче. Жените сакаат нежности но никако досаден секс !!!

Недостаток на шарм

Добрите момци често се неспретни во изразувањето, додака пак лошите се познати по заводничките вештини и шармирањето на жените. Лошите го говорат она што жените сакаат да го чујат… убаво звучи !!! Иако потсвесно знаат дека тоа е само некоја замка во која треба да паднат, сепак сакаат да веруваат дека тоа е вистината. Проблемот е што лошите момци се како дрога која доколку се зема во количини во кои се нуди, тешко може да се откаже !!!!

1 Коментар

  1. Јак фраер да си (градска фаца), треба да имаш (капитал) Бесна кола, женски, кеш и златен ланец. Да си бараба, дечко без морал.

Напиши коментар