Sweet Home

Животот во „Hopen Place“ на Hollywood Hills

Гламурот на Холивуд, како вирус се пренесува во секое негово катче… Освен задолжителен елемент на големите платна, гламурот е основна состојка со која дише и архитектурата во овие предели…

Така, како модел, ви го прикажуваме проектот на Whippel Russel Architects. Очигледно, овој „скромен дом“ сака да прикаже дека премногу е непотребно…Секое парче од мебелот, секој огромен прозорец и секоја точка светлина, овде си има посебна приказна. Модернистичкиот дом на Hollywood Hills, живее во боите на младоста: виолетовата, зелената и сината, совршено изедначени со декорот од квалитетно дрво. Во дизајнот се употребени необични форми кои крајниот резултат го изедначуваат со совршенство.

За што станува збор, проценете сами…

Напиши коментар