After Midnight

Зошто добрите момчиња остануваат само во „ зоната на пријатели “ ???

Зошто девојките говорат дека момчињата се фини но ги избегнуваат? Ви претставуваме 15 факти кои ќе Ви ја разјаснат оваа дилема :

1.Самопочит – Фините момчиња не се почитуваат доволно. Нив не им смета ако се покажат смешни и глупави или ако другите момчиња ги туркаат.

2.Се согласуваат со сите – Фините момчиња се толку слатки, што се согласуваат со сечиј став и ретко кога го кажуваат своето мислење. Токму поради ова, доаѓа ден кога експлодираат и го кажуваат и она што го мислат и она што не го мислат.

3.Многу бараат и се несигурни – На почетокот се слатки и грижливи, но на крај стануваат  напортни и несигурни во врската, бидејќи сметаат дека ги загрозува секое момче кое зборува со нивната девојка.

4.Досадни се – Фините момци, ретко кога се интересни бидејќи се плашат да не ја надминат границата и да станат „ безобразни “, без оглед на сé. Тој квалитет ги прави сјајни пријатели кои секогаш имаат совет за другарката, но лоши се за момчиња бидејќи се предвидливи и досадни.

5.Не се „ алфа мажјаци “ – Девојките уживаат да се забавуваат со момчиња кои ги држат под контрола и кои ги респектираат нивните пријатели. Ако Вашите другари не Ве почитуваат и не го вреднуваат Вашето мислење, бидете сигурни дека спаѓате во групата „ добро момче “.

6.Лесен е за манипулација – Со добрите момчиња лесно се манипулира, бидејќи самите тоа си го дозволуваат. Тој факт ги фрустрира девојките и токму затоа го извлекуваат подебелиот крај.

7.Избегнуваат расправии – Фините момчиња не можат да ја одбранат девојката која им се допаѓа и пробуваат да го решат проблемот, користејќи фини зборови.

8.Фините момци се „ слаби “ – Тие никогаш не заземаат свој став, дури и кога знаат дека се во право…

9.Тие сакаат чуда – Постојано се надеваат на подобар живот, заработувајќи повеќе пари или наоѓајќи подобра работа, а не работат на никаква промена на сегашноста иако знаат дека мора да го променат однесувањето.

10. Не вреѓаат – Никој не го сфаќа сериозно финото момче… Пред сé, бидејќи не знае да навреди.

11.Ги депримираат стресни ситуации – Девојките сакаат момчиња кои ќе бидат нивна потпора, не некој кој ќе побегне при првата пречка. Фините момчиња нес се доволно агресивни, ниту пак заштитнички настроени. Тие не се борат за својата девојка, а тоа е основното нешто што една дама го сака.

12.Не се доминантни – Фините момци се секогаш во последните редови. Тие можеби сакаат да бидат доминантни, но не се однесуваат така.

13.Друштвена сила – Фините момци не се доволно друштвено силни. Во друштво, се речиси невидливи. Девојките, речиси не ги приметуваат.

14.Се плашат – Фините момци се плашат од силни личности. Ако некој подоминантен тип ја „ брка “ неговата дивојка, финото момче никогаш нема да собере сила да му се спротивстави.

15.Пријателска зона – Фините момчиња, секогаш завршуваат во пријателската зона. Тие се фини и девојките ги сакаат за пријатели, не за момчиња. Сепак, девојките не ги мразат фините момчиња. Девојките не го сакаат нивното нервозно и несигурно однесување. Но доброто момче со самоувереност, секогаш има шанси да победи

Фините момчиња се грижливи и чувствителни и можат да бидат добри партнери за цел живот !!!

Напиши коментар