Здраво тело

“Бабини рецепти” за главоболка, настинка, воспаление, оток

За главоболка – за главоболка народната медицина препорачува еден на изглед не многу вкусен рецепт. Имено, советот е во пола чаша јако црно кафе да исцедите многу свеж лимон и да го испиете.

За воспаление на јајниците – за воспаление на јајниците, мокрачните канали и бубрезите се препорачува чај од магдонос. Ставете една рака магдонос во литар вода и оставете да зоврие. Исцедете го и пијте додека е млако.

При настинка – чајот од кромид е еден од најпопуларните рецепти во лекувањето на симптомите на настинката. Кромидот измиете го, исечете го на чери дела  и ставете го да се вари. Откако водата ќе зоврие, варете го уште десет минути. Пиете го ладен со мед и лимон.

За подигнување на имунитетот – се препорачува рецепт со мед и лимон. Потребно е пола килограм лимон заедно со кората да се изблендира и во него да се додаде пола килограм топол мед. Смесата се става во стаклена тегла и се зема по една лажица наутро.

За спречување на настинката – се препорачува земање на големи количини на зелка во исхраната. Според народната медицина зелката ги надминува сите други лековити билки.

Кога зелаката се зема како чај или супа, спречува настинки, кашлање и грип и делува антисептички на респираторниот систем. Зелака се користи и да го намали отокот. Доколку се удрите, отокот и модриците можете да ги отстраните со помош на овој стар лек. Доволно е два листа од зелка да ставите на удреното место.

Write A Comment