Здраво тело

Чај од ѓумбир: Пијалок кој ќе го исчисти вашето тело само со неколку голтки

Ѓумбирот е вистинско доживување за желудникот и цревата, и е добро познат како лек за настинка и грип, мачнина, ја подобрува циркулацијата и го зголемува имунитетот.

Доколку пиете чај од ѓумбир ќе го исчистите вашето тело од отровните талози што се собираат во него.

Состојки:

4 чаши вода, 2 парчиња свеж корен од ѓумбир (5см дебелина).

Додатоци по желба: мед и парче лимон.

Излупете го коренот од ѓумбир и исечете го на тенки парчиња. Ѓумбирот ставете го во врела вода и варете го на тивок оган 15-20 минути. Потоа исцедете го чајот и додадете мед и лимон по вкус.

Write A Comment