До сега, повеќето од нас се запознаени за причините кои доведуваат до рак. Пушењето, нездравата исхрана и зрачењето се некои од главните причини за рак. Но постојат и многу други помалку познати фактори кои може да доведат до рак. Тука се некои чудни и помалку познати причини на ракот.
Освежувачите на воздух
Според едена студија фталатите, кои се наоѓаат во освежувачите на воздух помагаат во забрзување на растот на клетките на ракот. Наместо да користите освежувачи на воздух, користете миризливи свеќи.
Солариум
Солариумот е опасен за младите луѓе. Оние кои користат солариум пред да наполнат 30 години го зголемуваат ризикот од меланом за 75 проценти. Меланомот е едена од најпознатите смртоносни форми на рак на кожата.
Контрацепциските апчиња
Утврдено е дека жените кои користат орална контрацепција имаат поголем ризик за развој на орален рак, отколку оние кои не користат. Но, откако ќе престанете да земате апчиња за контрацепција, ризикот од рак се елиминира. Ова се должи на фактот дека оралните контрацептиви предизвикуваат хормонална нерамнотежа.
Течност за испирање на усната шуплина
Истражувањата покажале дека течностите за испирање на устата содржат етанол, кој е поврзан со рак на усната шуплина. Таа течност ги распаѓа ткивата во внатрешноста на устата, па станувате осетливи на канцерогени, како што се оние присутни во цигарите.
Градници
Иако оваа врска никогаш не е докажана, истражувачите велат дека жените кои не носат градник имаат помала густина на мускулното ткиво, со што се намалува ризикот од рак на дојката.
