Глината е една од ретките супстанци која има способност да ги одстрани тешките метали од нашиот организам. Освен тоа таа го чисти цревниот тракт од маснотиите и со својот состав овозможува размножување на неопходните микроорганизми.
Глината се користи за лекување на многу заболувања – ги одстранува проблемите со варењето, ја регулира анемијата и артериосклерозата. Исто така, научно е докажано дека, внесувањето на глина во организмот ја зголемува отпорноста на отровите и го зголемува имунитетот.
