Многу жени во зрелата возраст се загрижени за промените на нивното тело со текот на годините, но за прв пат се појавија медицински докази кои покажуваат дека градите стареат побрзо од другите делови на телото.
“Биолошкиот часовник е вграден во нашите гени и токму тоа објаснува зошто кај некои жени процесот на стареење може да се забави, а кај другите да се појави порано од очекуваното”, објаснуваат експертите од Универзитетот во Калифорнија. По околу 8.000 примероци од 51 вида ткива и клетки , тие утврдиле уште дека токму возраста е главен фактор на ризик за развој на рак на дојка, кој е најчестиот проблем кај жените.
