Здраво тело

Како боите влијаат на нашето здравје?

Сите знаеме дека соништата ни се розови, а кралската крв е сина. Црвената боја не возбудува, жолтата – го подига нашето расположение, а црната не прави тажни. Науката смета дека секоја боја носи одредена емоција и значење. Со помош на терапијата на боја може да се подобри не само расположението, туку и да се елиминираат главоболката и да се нормализира спиењето.

Бела

Белата боја дава сила и енергија и го нормализира расположението. Таа е празнична боја – бела венчаница, бели панделки во косата, првиот снег. Белата боја ја прави косата да изгледа мека и нежна. Ове е најчиста, но и најживописна боја. Со неа не треба да се претерува.

Зелена

Зелената боја дава спокојство и мир, помага да се концентрираме и да донесеме одлука. Оваа боја е најмистериозна – сите нејзини нијанси се пријатни за човечкото око. Темно-зелената асоцира на цврстина и сигурност, а свежо зелената носи успех.

Розова

Розовата боја незаслужено е предмет на потсмев, а не треба. Таа е нежна и чувствителна боја. Приврзаниците на розовата имаат способност да сакаат од срце. Тие можат да уживаат и во најмалите нешта во животот.

Портокалова

Таа е топла и весела боја, која ја стимулира фантазијата и не тера да се стремиме кон успех. Таа се поврзува со топлото сонце, морскиот песок и зајдисонцето. Портокаловата боја создава чувство на удобност.

Жолта

Жолтата боја носи доверба, не инспирира и ни црпи од лошото расположение. Психолозите се категорични дека луѓето кои неодамна купиле жолта гардероба или жолт украс се подготвени за промени во животот.

Црвена

Ако сакате да бидете во центарот на вниманието изберете црвено. Оваа боја го зголемува крвниот притисок и го забрзува пулсот. Со неа се лекува меланхолијата и депресијата. Сепак, запомнете дека вишокот од црвено може да предизвика и агресија.

Важно!

Црвената боја може да се користи од страна на оние кои често настинуваат. Мускулите исто реагираат на црвеното и се опуштаат. Ако, сепак имате висок крвен притисок, црвеното може да ја влоши вашата состојба, како и да предизвика лутина и агресија.

Сина

Сината боја е боја на умереноста, вистината и спокојството. Таа асоцира на интелектот и вештината да бидете господари – не случајно крвта на аристократите е “сина”. Оваа боја има хипнотизирачки ефект, смирува и опушта, делува одлично при главоболка и мигрена. Според психолозите една од нијансите на сино – виолетовото, го намалува апетитот.

Write A Comment