Иако терепијата и лековите се клучни за контролирање на депресијата, сепак има начини како можете самите да си помогнете.
Депресијата е физичко заболување исто како што се дијабетисот, ракот и срцевите заболувања. Најпрво треба да се прифатите самите. Еве уште неколку корисни совети за да се чуствувате подобро.
1. Немојте да се изолирате
Не е лесно да разговaрате за вашата депресија, но тоа е подобро отколку чување тајни. Нема сите да ве разберат. Менталните проблеми се тешки за прифаќање. Но доколку пронајдете разбирање од страна на пријателите или семејството, тоа не е доволно. Побарајте емотивна подршка и од надворешната околина.
2. Одложете ги важните одлуки
Депресијата влијае на перцепцијата. Подобро за вас е да ги одложите битните одлуки. Еден од симптомите на депресијата е негативниот поглед на многу работи. Доколку се доведете во ситуација каде што морате да одлучите за нешто, прво советувајте со вашите пријатели или семејство.
3. Грижете се за вашето здравје
Доколку не водите грижа за вашето здравје можно е симптомите на депресијата да се зголемат. Истражувања покажуваат дека депресијата може да влијае на болести како што е дијабетисот.
4. Одржувајте го ритамот на секојдневните активности
Секојдневните активностити пробајте да ги извршувате во ист период од денот. Рутината во извршувањето на задачите може да биде спас за депресијата.
5. Хранете се здраво
Тоа што го јадете влијае на вашиот мозок. Доколку сте депресивни, хранете се здраво, јадете житарици, овошје, зеленчук и внесувајте протеини. Истражувањата покажуваат дека масните киселини Омега 3, кои се наоѓаат во рибите, можат да бидат значајни во борбата против депресијата.
6. Заборавете на алкохолот и негова конзумација
Алкохолот може да направи неред во вашата глава. Избегнувајте друштва кои пијат, бирајте со кого ќе го поминувате времето.
