Билкарите ја нарекуваат копривата “мала аптека”, која лекува речиси се. Тоа не е случајно, бидејќи таа е ризница на витамини, минерали, органски киселини и други корисни материи.
Нејзините фитохемикалии се содржани во микроскопските влакненца на листовите на копривата. При допир тие ослободуваат три вида киселини кои предизвикуваат печење и чешање.
Копривата е многу корисна со енергијата која ни ја дава. При првите сончеви зраци таа веќе никнува. Тоа значи дека таа е аптека со сонце. Таа во нас пумпа дирекна сончева светлина.
Меѓу лековитите својства на копривата се:
– Чистењето на лимфата и крвта
– Спречувањето на анемија
– Стимулирање на крвотворната функција
– Благотворно дејство врз имунолошкиот систем
– Многу помага во борбата против пролетниот замор
– Лекува артритис
– Исклучително е корисна при алергии и воспаленија
