Од памтивек сите знаеме дека доколку добиеме грип или настинка, постојат неколку природни средства, на кои веднаш треба да се обложиме. Кои се тие и зошто се сметаат за толку ефикасни? Ќе дознаете од следните редови.
Цинк
Тој го попречува развојот на вирусите, затоа и не случајно често се вклучува во формулите на многу средства против грип и настинка. Па искористете ги неговите предности кога ќе почувствувате дека сте настинале. Можете да го пиете и како додаток или пак да го козумирате преку храна како што е телешко месо, остриги, кромид, лук, морска риба идр.
Ехинацеа
Се смета дека таа го зголемува имунитетот и не случајно е едно од најпопуларните превентивни средства против настинка. Според истражувањата ехинацејата го намалува ризикот од грип и настинка за 58%.
Витамин Ц
Иако научниците сеуште се расправаат околу ова прашање, витаминот Ц се смета за едно од најдобрите средства при првите симптоми на настинка. Ова се должи на неговата способност да го зајакнува имунитетот на организмот против вирусите. Специјалистите сепак прецизираат дека витаминот Ц е повеќе превентивно средство против настинка.
Пилешка супа
Таа се карактеризира како одлично средство за намалување на воспалението за време на грип и настинка, како и за подобрување на целокупната состојба на организмот. Па, сепак има спорови околу ова прашање, но едно е сигурно – вкусна е, делува добро и му помага на телото да се справи со дехидратацијата.
