Не е ни чудо што Египќанките ја користат Алое верата за медицински цели повеќе од 5000 години. Во неа се содржани над 12 витамини, 200 ензими, 20 минерали и 18 амино-киселини.
ПРИ ЧИР
Луѓето кои страдаат од чир, може да имаат корист од предностите на алое верата. Таа ги обновува и лекува внатрешните ткива што е особено драгоцено за желудникот , цревата и хранопроводникот. Освен тоа има ефект на ладење, што е одлично за луѓе со стомачни болки, поради чир и вискока киселост.
ПРИ КИСЕЛИНИ
Смирувачките својства делуваат како на хранопроводникот, така и на стомакот. Веднаш ја смирува киселината и лекува целосно. Минералите во алое верата го зголемуваат нивото на PH во желудникот и ги намалуваат киселините. Затоа следниот пат кога ќе се почувствувате лошо, испијте чаша алое и ќе се опоравите.

ЗА ЕНЕРГИЈА
Алое верата содржи исклучително висок процент на витамин B12. Тој е одличен за повеќе енергија – во некои енергетски пијалоци е содржан главно тој, бидејќи е подобар и поефикасен дури и од кофеинот. Освен тоа делува позитивно на работата на мозокот.
ЗА ПОДОБРО ВАРЕЊЕ
Алоето содржи 200 различни ензими и 18 амино-киселини. Во комбинација со витамините и минералите, им помага на цревата убивајќи ги лошите бактерии. Исто така алоето го чисти дигестивниот тракт.
ПРИ КОЛИТИС
Колинитис е болест на дебелото црево и може да предизвика инфекција и крварење. Во повеќето случаи, тоа е само непријатност, но понекогаш доведува до дефицит на храна и може да прерасне во анемија, камења во бубрезите, проблеми со очите и кожата.
