Здраво тело

Направете природен лек против вироза

Неприродно високите температури за овој период од годината, освен главоболки и поспаност, со себе носат и бројни вирози испратени со воспаление на синусите, кашлање и целокупен пад на имунитетот. Доколку сакате на здрав и природен начин да го зајакнете вашето тело и да ја победите вирозата посегнете по едноставен и вкусен рецепт од вашата кујна.

Состојки:

* 6 лимони

* 1 поголемо чешне лук

* 2 лажици ѓумбир во прав

* 2лажици мед

* 3 чаши сок од ананас

* 1/4 лажиче лут црвен пипер

Подготовка:

  • Во сад за блендер исцедете ги 6-те лимони.
  •  Додадете ги сите останати состојки и добро изблендирајте ги додека не добиете изедначена смеса.
  • Смесата ставете ја во стаклен сад па во фрижидер.
  • Секој ден пиете по четири чаши од овој пијалок додека вирозата во потполност ја снема.

Write A Comment