Здраво тело

Природни начини за лекување на убоди од комарци

Со оглед на тоа дека дојде лето и времето е топло, се појавуваат разни инсекти, особено комарци кој не ни даваат мир кога сакаме да уживаме во прекрасните летни ноќи. Убодите од комарци ја иритираат кожата, без разлика на тоа дали се мали или големи.

Во продолжение погледнете неколку природни препарати кои ќе ви помогнат да го ублажите чешањето.

  • Триете го местото каде што инсектот ве каснал со внатрешноста на кора од банана.
  • Ставете јаболков оцет на местото каде што инсектот ве каснал.
  • Намачкајте го местото со исцеден сок од лимон.
  • Направете паста од сода бикарбона и вода и ставете ја на болното место.
  • Маслото од лаванда исто така може многу да помогне.
  • Парче лук во истиот момент ќе ја одстрани болката.

Write A Comment