Го ублажуваат стресот, го регулираат варењето
Магнезиумот, минерал со кој изобилуваат сувите кајсии, го ублажува стресот, додека витамините Б комплекс ги зајакнуваат нервите. Ова овошје е одлично и за луѓето кои патат од зголемен холестерол . Сувит кајсии треба добро да се изџвакаат бидејќи така се поттикнува варењето и циркулацијата.
Го чуваат срцето , ја поправаат крвната слика
Сувите кајсии содржат голема количина калиум, минерал кој е важен за нормално работење на сите мускули, а посебно на срцевиот. Витамино Ц кој ова овошје го содржи, ја олеснува апсорбацијата на железо, што е важно за анемичните луѓе.
