Иако сончевата енергија позитивно влијае на нашето расположение и кожата ја збогатува со витамин Д, можно е во текот на летните месеци организмот да се исцрпи што доведува до паѓање на имунитетот. За да ја вратите силата и да го припремите организмот за новата сезона, израдувајте го вашето тело со пијалок од само четири состојки кој ќе го зајакнат вашиот имунитет и вашата кожа ќе ја направат блескава.
Состојки:
* 2 литри вода
* 1 свежа краставица
* 1 лимон или лајм (зелен лимон)
* 10-12 листови нане
Подготовка:
Краставицата и лимонот измијте ги убаво и исечете ги на ситни парчиња. Измешајте добро, а потоа додадете ги и лисовите од нане и се заедно ставете во стаклен сад или поголема стаклена тегла. Состојките полиете ги со вода, затворете го добро садот или теглата и ставете го во фрижидер да се излади целосно. Пијте по една чаша од овој детокс пијалок секој ден, додека не го потрошите.
