Срцевиот удар не е проблем само за средовечните мажи. Срцевите заболувања се всушност најчеста причина за смрт кај жените, три пати почест отколку ракот на дојкта.
Најчести фактори на ризик
Пушењето
Доколку престанат со пушењето, жените драматично брзо го намалуваат ризикот од срцев удар. Жените кои пушат имаат 25 проценти поголем ризик од срцев удар отколку мажите бидејќи женското тело е поподложно на делување на токсините.
Постојано седење
Лошата исхрана и недостатокот на физичка активност се опасни фактори на ризик чие негативно делување на срцето ќе се зголеми по 60-тата година.
Неквалитетна преработена храна која предизвикува воспаленија
Рафинираниот бел шеќер и брашно, предизвикуваат воспалителни состојби во телото, вклучувајќи ги и крвните садови, што доведува до таложење на холестеролот и разни кардиоваскуларни заболувања.
