Здраво тело

Загрижувачки знаци на градите

За многу од нас градите се едноставно тука, поради што многу често ги игнорираме. Важно е, сепак, да се грижиме за нив и да ги пратиме сите можни промени. Само на тој начин ќе бидеме чекор напред кога станува збор за нашето здравје.

Грутка на градите

Мека маса која се движи под кожата е најверојатно циста исполнета со течност. Доколку грутката е тврда, можеби станува збор за бенигни промени, но сепак треба да се консултирате со лекар.

Осип на брадавиците

Трагите од црвенило или осип кој не се повлекува дури и по неколку недели, може да биде знак на некои форми на рак на дојката.

Збрчкана кожа на градите

Доколку ткивото стане набрано, тоа може да биде знак на блокада на лимфните јазли, што укажува на воспалителен рак на дојката.

Младеж кој ја менува бојата или обликот

Ракот на кожта најчесто се јавува на нозете, но и градите, исто така, може да бидат цел на оваа болест. Обрнете внимание на асиметријата, на рабовите на младежите, варијацијата на боите и дали таа расте или се проширува.

Write A Comment