Ако има ментален анолог на физичкото празнење, тогаш тоа е најверојатно простувањето. Така барем тврдат научниците.
Тие откриле дека кога човек ќе успее да ја надмине навредата и да прости, нивото на стрес значително се намалува, се намалува крвниот притисок во организмот и имунолошкиот систем се зајакнува.
Сепак, тоа важи само ако вистински успееме да се ослободиме од нанесената траума и простиме од срце.
Но, како што сите знаеме, во животот има и непростиви работи. Тогаш, експертите препорачуваат да не се обидуваме да простуваме, туку едноставно да се фокусираме на сопственото спокојство.
Прошката дадена на близок човек и ослободување од гневот, влијаат исклучетлно позитивно на нашата психа. На овој начин, ние се чувствуваме посигурни во себе, со поголема самодоверба и поттик за справување со тешкотиите на животот.
Но најважно, простувањето го зајакнува нашиот дух и волја.
