Авокадото како плод или едноставно неговиот дресинг за салата им помага на жените да забременат преку методот ин витро, тврдат истражувачите.
Храната која жените ја консумираат може да ги зголеми или намали шансите за забременување по вештачки пат.
На пример вчера истражувачите предупредуваат дека прекумерената конзумација на кафе ги намалува на половина шансите за зачнување со ин витро.
Денес научниците ги открија резултатите од последното истражување, според кое авокадото тројно ја зголемува шансата за успешна процедура. Доброто влијание врз плодноста се должи на мононезаситени масти , кои се содржани во авокадото, маслиновото масло, сончогледовото масло, снегулките и семето.
Добро е идните мајки да ги консумираат овие храни секојдневно, така ќе се зголеми трипати шансата за успешно забременување со ин витро.
