Пречестото седење доведува до дегенерација на мускулите што делуваат вообичаено на стомачните мускули, колковите и задникот. Па поради недоволното движење вашите мускули мируваат, а со тоа доаѓа до појава на несакани наслаги на наведените места.
Кога не сте активни се успоруваат и функциите на вашиот мозок поради што потешко ќе размислувате, потешко ќе се концентрирате и потешко ќе памтите. Исто така се зголемува шансата за болки во вратот, вкочанет грб…
Премногу седење може да предизвика штета на голем број органи – срцеви заболувања, прекумерна работа на панкреасот, дури и рак на дебелото црево. Пречестото седење го успорува и протокот на крв и мускулите трошат помалку енергија што е причина за таложење на мастите на ѕидовите на крвните садови.
Истражувањата покажале дека луѓето кои многу време поминуваат во седење имаат повисока стапка на смртност од оние кои редовно се движат. Едно истражување покажало дека оние луѓе кој поголемиот дел од времето гледаат телевизија имаат 61% поголеми шанси за прерана смрт од оние кои телевизија гледаат помалку од еден час на ден.
Честото седење ќе ги ослабне вашите коски и ќе доведе до бројни проблеми со нозете, предизвикани од лошата циркулација.
