Секој од нас барем еднаш, во текот на трчањето или смеењето почувствувал болка во левата страна од абдоменот. Не треба да се плашите, тоа е нешто сосема нормално и на сите им се случува.
Трчањето и смеењето се активности кои имаат една заедничка работа, напрегање на дијафрагмата. Доколку се смеете силно, вдишувате повеќе воздух, ги ширете белите дробови и така ја буткате дијафргмата надолу. Во исто време, вашите стомачни мускули работат и го буткаат истиот орган нагоре. Сето тоа се случува многу пати во една минута.
Оваа “компресија” на дијафрагмата доведува до болка. Истото тоа се случува и во текот на трчањето. Меѓутоа, доколку некогаш, во текот на трчањето или силното смеење сте почувствувале покрај болка во стомакот, и болка во десната рака, знајте дека тоа веќе може да биде трауматично искуство, бидејќи се тоа симптоми на пред срцев удар.
Во прашање се само грчеви, бидејќи истиот нерв кој се наоѓа во дијафрагмата, доаѓа до десната рака. За да го избегнете ова, обидете се да се смеете со прекини. Помеѓу два напади на смеење, направете пауза со две длабоки воздишки. Исто така, потрудете се да избегнувате обилни оброци пред трчање.
