Да не Ве разочаруваме, но диетите кои секојдневно се тема меѓу Вас и пријателките…се далеку од вистината. Ако вагата никако не сака да ги смени оние исти цифри – Вие дефинитивно сте една од жртвите на митовите за диети.
Замена на оброкот со сок: Замената и не е баш најсјајната идеја како што мислите. Овошниот сок е микс од фруктоза ( 70 %), гликоза (30 %)…а при борењето на организмот со шеќерот, се произведува повеќе инсулин, што преставува оптеретување за организмот.
Исклучување на мастите: Голема грешка …Мастите најмногу заситуваат и нивното целосно исклучување води до чести кризи и глад.
Скробот и житариците- основа на секој оброк: И тука е зголемено производството на инсулин заради внесениот шеќер….Едноставно, овошјето и зеленчукот би биле подобра алтернатива.
Производите без масти- „совршени за диета“ : Тоа е само трик на производната индустрија да етикетира одредени производи како „диетални“…Забораваат да споменат дека во составот има шеќер…и тоа само колку…
Пет овошки дневно: И овошјето е виновник за качените килограми, кога се зема во поголеми количини…Подобро- балансирана исхрана
Авокадото е фактор за повеќе килограми : Да, има масти но не од оние лошите. Тие немаат влијание на холестеролот и шеќерот во крвта.
Важно е што јадете, не кога: И те како голема грешка…Обилен појадок, умерен ручек, здрава попладневна ужина и минимална вечера е најдобар план.
Јаболковиот оцет топи масти :…или пак ја оштетува слузокожата на желудникот ?
Житариците за појадок- пат до совршена линија: Да, се додека во скоро време килограмите не ви се вратат како бумеранг.
Пуканките се диетални ? И тука не сте во право…Се што содржи рафиниран скроб, води кон повеќе килограми.
