Секојдневното земање аспирин, може да го намали ризикот од заболување од рак и да ја намали веројатноста за негово метастазирање, од 40% до 50 %.
На ова укажаа испитувањата од страна на Оксфордскиот Универзитет во Велика Британија. Некои поранешни студии веќе укажаа на тоа дека редовното користење аспирин дури и во мала доза од 47 милиграми дневно, го намалува долгорочниот ризик за умирање од рак, но и дека за таков учинок, потребно е да се зема во времетраење од осум до десет години.
Сега Оксфордскиот тим раководен од Питер Ротвел, докажа дека аспиринот всушност краткорочно го намалува ризикот од рак. Исто така, аспиринот може да спречи рак во рана фаза.
Помеѓу таа фаза и онаа во која се појавуваат симптомите на болеста може да поминат години. Она што е ново, е тоа дека аспиринот може значително да го намали ризикот од метастазирање бидејќи досега не е потврдено дека некаков медикамент има такво дејство, истакнува Ротвел.
И порано беше откриено дејството на аспиринот на срцето и крвните садови, но она што фрла сенка на редовното користење на овој лек е тоа што во еден од 1000 случаи предизвикува стомачно крварење.
