Повеќе не ви е интересен регуларниот фитнес тренинг? Пробајте нешто ново, пробајте да прескокнувате јаже. Зошто? Како оваа навидум детска игра може да ви го раздвижи телото?
1. 10 минути прескокнување на јаже е еднакво со 8 минути трчање.
2. Еден тренинг само со прескокнување на јаже согорува 1.300 калории.
3. 10 минути прескокнување на јаже ги има истите благотворни дејства на телото како и 40-минутно џогирање.
4. Прескокнувањето на јаже ги активира сите мускули на телото.
5. Шансите за повреда во споредба со секој друг тренинг се минимални.
6. Потребно е само еднаш да вложите во опрема која и не е толку скапа. Јажето трае со години.
7. Скокањето на јаже е одличен начин да го стабилизирате крвниот притисок.
8. Подеднакво е корисно и за професионалци и за почетници.
9. Со прескокнувањето на јаже ја подобрувате флексибилноста на телото.
10. Редовното скокање го подобрува тонусот на мускулите и на горниот дел од телото.
11. Ќе ги зајакнете коските и ќе ја спречите остеопорозата.
