За успешно топење на килограмите вашето дневно мени не мора да содржи само јаболка, зелени салати и моркови.
Вашите калориски редуцирани порции можат да содржат разновидни намирници, дури и оние што содржат здрави масни киселини кои на вашето тело ќе му осигураат ситост, но не и непосакувана подлога за насобирање на килограмите…
Чили пиперчињата го забрзуваат метаболизмот до 25 проценти. За да бидете сити и подготвени за вежбање т.е. за слабеење, вашата редуцирана исхрана на телото мора да му овозможи доволно течности, влакна, но и “добри” маснотии.
Следните 10 намирници се подготвени безрезервно да ви помогнат во трошењето на непотребните масни на
слаги.
Лимон
Овој агрум е еден од намирниците кои му помагаат на телото да се ослободи од токсините. Неколку капки лимон можете да ставите во чаша вода која ќе ја испиете наеднаш и на тој начин ќе го забрзате варењето.
Може одлично да ви послужи и како зачин во салата или во подготовка на јадења, а ако сте сигурни во неговото еколошко одгледување без пестициди тогаш кората на лимонот може да биде одлична арома на секој колач Целер Сочните состојки на целерот не само што се ефективен диуретик, туку и џвакањето на овие вретенести билки, наводно, троши повеќе калории отколку што самиот тој ги содржи. Вкусни се и сирови, особено ако се подготвени со сос.
Но, за време на диетата внимавајте на бројот на калории кој ги содржи. Авокадо Нека не ве обесхрабри високиот процент на маснотии во оваа хранлива намирница затоа што станува збор за “добри” незаситени киселини, т.е. воопшто не содржи холестерол. Во себе крие 25 нутриенти, вклучувајќи и влакна, калиум, витамин Е и Б, фолна киселина и бројни важни фитохемикалии со чија помош ќе ја заштити косата, кожата и ноктите, но ќе ги нахрани и сите останати органи. Иако има голем број маснотии, авокадото не содржи холестерол!
Чили пиперки
Лутите пиперки го забрзуваат метаболизмот до 25 проценти. Подеднакво се ефективни во свежа, мелена состојба која може да го збогати секое јадење. Освен што е совршена состојка за сосови, се вклопува во секоја супа, јадења со месо и салати. Се почесто чили пиперките можеме да ги вкусиме и во десертите и темните чоколади, идеални посластици за сите оние кои ги фаќа криза во периодот на калориски редуцираната исхрана.
Вода
Водата е клучна состојка на секоја здрава исхрана. Пробајте дневно да внесете два литра од овој скапоцен напиток со кој ќе го прочистите телото од токсини и со тоа ќе му овозможите полесно да функционира. Ја смалува дневната главоболка, ја подобрува концентрацијата и го олеснува варењето, што е клучен фактор во здравото губење на килограмите.
Листест зеленчук
Додека сте на диета можете да уживате во неограничени количества на спанаќ, зелје и останатиот листест зеленчук. Со него не можете да претерате, затоа што големата концентрација на железо и калциум го олеснуваат губењето на килограми и го јакнат организмот, а најдобро е да ги консумирате кога се лесно термички обработени.
Овес
Хранливиот појадок кој содржи овесна каша предизвикува побавно лачење на инсулин и го забрзува метаболизмот за 10 проценти, при што ги спречува енергетските кризи кои настануваат по внесување на шеќерот. Овесот содржи растопливи влакна и го снижува нивото на холестерол во крвта.
Лосос
Омега 3 киселините содржани во лососот помагаат за смалување на нивото на лептин, што значи поголемо трошење на калории. Неговата хранливост долго ќе ве задржи сити, а доколку го печете обложен со фолија и зачини ќе добие божествен вкус без дополнителни калории од сосот или маслото потребно за печење на тавата.
Сон
Ова не е намирница која можете да ја јадете незачинета, но, секако, е состојка која ќе ви помогне да не посегнувате по непотребните оброци. Заморот луѓето често го мешаат со гладта, т.е. наместо по секоја цена да си обезбедат здрав сон посегнуваат по храна. Затоа, ставете лаванда покрај перницата и тргнете во наједноставното топење на килограмите со глава на мека перница.
