Цитрус диетата е една од најпознатите и најефикасните овошни диети.
Полесен облик на цитрусната диета и нејзините предности
Доколку во вашата секојдневна исхрана ги вклучите агрумите – портокалите, мандарините, лимоните, лиметите и грејпфрутот, можете да изгубите неколку килограми и без да држите некоја посебна диета. Истражувањата покажуваат дека агрумите помагаат во согорувањето на мастите, бидејќи содржат ензими кои го поттикнуваат варењето. Покрај тоа, богати се и со витамин Ц, кој го забрзува метаболизмот и ги елиминира токсините од телото. Вклучувањето на агрумите во секојдневната исхрана, може да има само позитивни страни, така што ваквиот облик на цитрусната диета нема никакви маани.

Строга цитрус диета – предности и маани
Пред сè, треба да се напомене дека строгата цитрусна диета се разликува од полесниот облик по ограничувањата во изборот на продукти. Предностите на оваа диета се што овозможуваат брзо слабеење и намалување од 12 до 17 кг месечно. Иако овој резултат не се постигнува толку често, сепак во просек може да се изгубат околу 11 кг.
Поради големите ограничувања во исхраната, не се пропорачува често и континуирано држење на оваа диета. Нутриционистите велат диетата да се држи во циклуси од 5 до 7 дена, по што следи пауза од три дена.
Пример за дневно мени
Во текот на еден ден, вашето мени би требало да изгледа вака:
- Наутро: чаша свежо цеден сок од портокал или грејпфрут
- За ручек: еден грејпфрут и две киви
- За вечера: 2 варени јајца
- Пред спиење можете да пиете јогурт со ниска масленост
Во текот на држењетона цитрусната диета треба постојано да пиете чај од билки, зелеч чај и лимонада без шеќер. Еднаш во текот на три дена, за појадок можете да јадете варено јајце со парче леб и сирење со помала масленост.
Доколку имате проблеми со желудникот оваа диета не е за вас! Воедно, ако имате проблеми со хипогликемија – заборавете на оваа диета.
Најдобро е оваа диета да ја употребувате како брз детокс план, после периоди во кои сте претерале со храната или пак ако итно треба да изгубите некој килограм за некој важен настан.
Предности
Познато е дека цитрусното овошје содржи киселини кои го потикнуваат разложувањето на мастите. Брзото симнување на килограмите со оваа диета може да ве мотивира да продолжите со придржување кон диетата.
Цитрусното овошје покрај овошните киселини содржи и витамини и други корисни состојки кои позитивно влијаат на метаболичките процеси во телото.
Недостатоци
Брзото губење на килограмите може да биде штетно и тоа доколку имате голем вишок на килограми, зашто таквото губење на килограмите може да остави видливи знаци на кожата, кои нема да ви биде лесно да ги отстраните. Воедно, со брзото губење на килограмите секогаш доаѓа до ризик од брзо враќање на истите. Затоа, придржувајте се кон диетата, а по неа обидете се да воведете нов, поинаков и здрав начин на исхрана.
Цитрусното овошје има малку калории, така што е можно во текот на диетата да почувствувате замор или главоболка. Едноставно кажано, во текот на оваа диета ќе бидете гладни поради малиот број на калории кои ги внесувате.
Совет +
Доколку имате потреба да изгубите неколку килограми на брзина можете да се обидете да го направите тоа со оваа диета. Сепак, строго придржувајте се на препораките: количеството на намалените килограми не смее да биде поголемо од 5% до 7% од телесната тежина. Воедно, оваа диета држете ја во циклуси од 5 до 7 дена при што следи пауза. Доколку одлучите да држите повеќе циклуси, се препорачуваат консултации со лекар или друго стручно лице кое се занимава со исхрана.
Во текот на зимата, намалувањето на килограмите со брзите диети се одвива полесно, така што ваквата диета во зима може да покаже одлични, а во лето средни резултати.
