Ако сакате да ја наполните чинијата, тогаш веројатно јадете премногу. Дали знаевте дека можете да го контролирате внесувањето на храна со помош на вашата дланка?
Според „Дланка“ диетата, дланката од вашата рака е параметар за големината на порциите и со тоа помага да не се прејадете.
Многу експерти мислат дека луѓето јадат премногу, бидејќи не знаат да ги сервираат порциите.
На пример, ако сакате обилно да намачкате путер на парче леб, веројатно ќе внесете 90 калории повеќе отколку кога би намачкале тенок слој. Доколку во јадењето додавате една лажица масло за готвење повеќе, тоа се 135 калории повеќе. Секојдневното користење на таа една лажица повеќе, на вашите бутови ќе им додаде околу 6 килограми масно ткиво во текот на животот.
Затоа, секојдневно внимавајте на тоа колкави се вашите порции и каква храна јадете, а оние продукти кои не ви се неоходни, исфрлете ги од исхраната. Одвреме-навреме можете да си дозволите уживање во „забранетите“ задоволства, но не претерувајте.
Според оваа диета, големината на порциите се одредува на начинот прикажан на фотографиjaта.

