Cafe Del Mar

Домашен пилинг против целулит

Препарат за пилинг можете да направите и самите

Измешајте малку мед со пченкарно брашно или 3-4 лажици морска сол и маслиново масло. Добиената зрнеста смеса со мали кружни движења нанесете ја на сува кожа, па потоа измијте ја под туш. Место лосион по туширањето, употребете пченични никулци – богати со витамин Е, кој има хидратантно и антиоксиданско дејство, го забавува процесот на стареење и го спречува опуштањето на кожата и создавањето на стрии.  Портокаловата кожа ќе стане минато ако неколкупати неделно  правете бања при што ќе употребите средство со кора од див костен, што содржи есенцин. Тоа наедно ги штити капиларите, ја намалува отеченоста, ги зацврстува крвните садови и ја подобрува циркулацијата, ублажувајќи го чувството на тежина во нозете. Кората варете ја 15 минути во литар вода, исцедете ја и измешајте ја со водата за капење. Останете во кадата петнаесетина минути.

Ќе бидете изненадени од ефектот.

Write A Comment