Здраво тело

Домашен сируп за исфрлање на слуз од белите дробови

Сирупот се подготвува во домашни услови и особено е погоден за помали деца кај кои исфрлањето на слузот е отежнато.

Состојки:

1 лажица жалфија

1 лажица ленено семе

1 лажица бел слез

1 лимон исечкан на кругови

250 г шеќер

250 мл вода

Водата и шеќерот се ставаат на оган да зоврие додека шеќерот не се растопи. Се додаваат останатите состојки, а огнот се намалува на тивко. По 15 минути се трга и се процедува.

Се пие трипати дневно по една супена лажица, додека да се смири кашлицата. Сирупот се чува во фрижидер.

Write A Comment