Во летните горештини сите сме во потрага по освежување. Една чаша студена вода со мраз звучи како добра идеја, но всушност не е.
Можеби ова тврдење не ви звучи логично, но водата со мраз всушност има спротивен ефект врз организмот, од она што го очекувате. Во најлош случај, вие може да го шокирате телото и да претрпите болки во стомакот.
КАКО СТУДЕНАТА ВОДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ОРГАНИЗМОТ?
-Телото троши повеќе енергија за регулирање на температурата на телото отколку на дигестија и апсорбирање на хранливите нутриенти. Овој процес може за последица да има губење на вода и дополнително загревање на телото.
-Студената вода го успорува варењето, ги стеснува крвните садови и ја успорува хидратацијата на организмот.
-Ако пиете мраз-студени пијалаци веднаш по завршетокот на оброкот, постои голема можност да настинете па дури и во лето. Оваа лоша навика исто така влијае врз зголеменото лачење на плуканката и намалување на имунитетот.
Кога ќе стекнете навика да пиете вода на собна температура, ќе забележите драматично подобрување на варењето и подобро ќе се чувствувате додека јадете и после оброкот.
