Наместо да броите калории и да мерите килограми, добро здравје можете да имате со внимателен избор на обликот, материјалот и бојата на чинииите и приборот за јадење.
Прво правило е дека ако сакате помалку да јадете – сервирајте во помали чинии, односно чинии за десерт.
Аголни чинии
Ако сакате да ослабнете, подбро е да јадете од квадратни чинии отколку од округли. Тоа е така поради тоа што аглестите чинии постигнуваат умереност, според фенг шуи.
Пастелни бои
Земјени тонови предизвикуваат задоволство, додека сјајните и јаки бои го предизвикуваат апетитот. Ако навистина сакате да се придржувате до планот за диета, обојте ја кујната и трпезаријата во кремаста или светлокафеава боја.
Парни броеви
Поставете парен број столици. Ако имате непарен број членови во семејството, ставете една столица вишок поради одржување рамнотежа.
Огледало на ѕид
Огледалата ви помагаат да останете сконцентрирани. Така ќе станете свесни за тоа што јадете, како и за количината на храна која ја внесувате.
Уреден дом
Започнете со кујната, исчистете го фрижидерот, фрлете сѐ што е со поминат рок на траење, и она што ретко го користите. Колку е вашата куќа почиста, толку полесно ќе слабеете.
Шаренило
Колку храната во чинијата е поразнобојна, толку повеќе различни нутриционистички состојки внесувате. Придржувајте се до правилото дека 1/3 од намирниците треба да биде месо, другата третина овошје или зеленчук, и третата јаглехидрати.
