Со помош на нашите совети доведете ја кондицијата на завидно ниво, а своето тело во форма која дали во кревет или надвор од него, посебно ќе го радува вашиот партнер…
1.Доволно е половина час
Тренингот нема да трае долго па така треба што побрзо да ги забрзате отчукувањата на срцето и да ги држите нозете што можете повисоко.Ако немате време за еден саат вежбање 30 минути со забрзан интензитет ќе бидат доволни.
2.Правилното држење помага да вежбате поефикасно
Секогаш затегнете ги стомачните мускули,исправете го грбот и повлечете ги рамената наназад и спуштете ги доле.
3.Повеќе мускулна маса во однос на масти е изговор за “тешка сум”
Ако вежбате за намалување на тежината, а вагат упорни ви покажува поинаку нешто не е како што треба.Или не се придржувате на диетата или не вежбате доволно.
4.Добрите масти не помагаат да ја изгубите тежината
Добри масти,лоши масти сите ве прават потешки.Двете се потполно исти само што едните можат да ги затнат вашите артерии а другите бе.Добрите масти(да речеме авокадо) добри се за срцето но ако сакате да ја намалите тежината треба да ги исфрлите од употреба или да го интензивирате тренингот.
5.Имајте мотивациска мисла
И повторувајте ја кога и да чуствувате дека повеќе не можете.Ако трчате повторувајте “само уште 100 метри”.Ако вежбате во теретана повторувајте “само уште еднаш”.Ако се натерате секој пат да направите уште нешто повеќе резултатите ќе бидат очигледни.
